X
 04.04.2018 Култура

„Танц фест“ почнува богато: „Орландина“, „Д.О.Л“, Break the Floor



Богата прва фестивалска вечер на фестивалот „Танц фест“ најавуваат организаторите. Деведесетина дечиња од повеќе танцови студија од земјава ќе настапат под насловот „Break The Floor“. Словенечката танчарка Росана Хрибар ќе ја изведе претставата „Орландина“, во продукција на Танцовиот театар од Љубљана, а во кореографија на Рисима Рисимкин. Веднаш по словенечката легенда, Скопје танцов театар ќе одбележи седум години постоење со претставата „Д.О.Л“ на младата кореографка Адријана Данчевска.

На отворањето ќе му биде врачена наградата „Менада“ за врвни остварувања во областа на танцот на францускиот уметник Дидје Дешан.
„Орландина“ е претстава посветена на Росана Хрбар и времето. Инспирирана од романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф, претставата „Орландина“ така насловена од кореографката е интимна приказна на танчар, раскажана преку видогледот на три силни жени од различни културни, политички и временски периоди: Вирџинија Вулф, Рисима Рисимкин и Росана Хрибар. Во „Д.О.Л“ настапуваат: Матеа Киселички, Александра Петрушевска, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Јакуб Мунко, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Бобан Русески и Тереза Лазарев. Музиката за претставата ја направи Александар Гроздановски - Херцел.

Адријана Данчевска припаѓа на новата генерација млади кореографи, создадени на Танцовата академија, која од оваа учебна година прерасна во Катедра за танц при УГД.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура