X
 18.03.2024 Живот

„Светот на Биби“ освои три награди на изборот „Најдобрите во е-трговијата“

На 14 март 2024 год. беа доделени признанијата „Најдобрите во е-трговија“ организирани од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Изборот за најдобрите во е-трговија се одржа по трет пат во нашата држава, а се натпреваруваа најдобрите е-трговци во 24 категории, поделени во три секции.

„Светот на Биби“ е победник во категоријата е-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината, победник во категоријата најдобра е-продавница со меѓународна продажба и освои трето место во категоријата е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми.

Е-комерц наградите имаат цел да ги препознаат и наградат најдобрите, да придонесат за промоција на е-трговијата, да ја подигнат свеста за нејзиниот потенцијал, да ја зајакнат конкурентноста во овој сектор и да ги мотивираат е-трговците за унапредување на нивното работење.

Дознајте повеќе за победниците на следниот линк:


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот