X
 18.04.2019 Технологија

НАСА бара ваша помош за мерење на дрвјата

НАСА би сакала да ги фотографирате дрвјата. Нејзиниот сателит „ICESat-2“ ја проценува висината на дрвјата од вселената, а НАСА создаде нова алатка за граѓаните што сакаат да помогнат да ги проверат тие мерења од Земјата. Сè што ви е потребно се паметен телефон, апликацијата и дрвја.

Лансиран во септември 2018 година, сателитот на НАСА е инструмент наречен „АТЛАС“ што пушта 60.000 зраци светлина на површината на Земјата во секоја секунда.

- Во основа, тоа е ласер во вселената - вели Том Нејман, научник вклучен во проектот. Со мерење на позицијата на сателитот, аголот и колку време е потребно за овие ласерски зраци да отскокнат од површината, научниците можат да го измерат зголемувањето на морскиот мраз, копнениот мраз, океаните, водата и дрвјата. Знаењето колку се високи дрвјата на истражувачите може да им помогне во проценувањето на здравјето на шумите низ светот и количината на јаглероден диоксид што тие можат да ја впијат.

drvo
Фото: Printscreen

Но Нејман вели дека се отвора прашањето колку се прецизни овие мерења од вселената. Тука на сцена доаѓаат граѓаните - да им помогнат да ги утврдат и потврдат овие мерки.

- Не можете да побарате од учениците во Пенсилванија да одат на Антарктикот за да ја измерат височината на мраз за вас - вели тој. Но, може да ги земат своите паметни телефони и да помогнат, што е токму она што НАСА го прави со апликацијата наречена „GLOBE Observer“.

- Имате одлични терени и карактеристики токму во вашиот двор, па можете да излезете и да ги направите овие мерења, кои за нас би биле од голема корист - вели Нејман.

Откако ќе ја преземете апликацијата, можете да изберете различни алатки што снимаат опсервација на облаци, живеалишта на комарци, како и пејзажот околу вас. Исто така, постои нова алатка за мерење на дрвјата наречена „GLOBE Trees“. Кога ќе ја отворите, ве очекува туторијал што ве води низ тоа како да ја калибрирате апликацијата и да ги преземете мерењата што овозможуваат триангулација на висината на дрвото. Туторијалот вклучува и корисни совети за работи како „Избирање дрво“ бидејќи искривените и скршените не подлегнуваат на мерење.

Откако ќе изберете „нескршени дрвја“ и место од 7 до 22 метри, треба да го држете телефонот пред вашето лице и да го поставите за да ја измерите основата, а потоа и горниот дел на дрвото. Потоа сликате фотографија, ги мерите чекорите до дрвото, ја најавувате вашата позиција и апликацијата ја прикажува висината на дрвото.

Од официјалното лансирање апликацијата „GLOBAL Trees“ доби околу 700 мерења од 20 различни земји. Истражувачите би сакале да добијат уште.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија