X
 18.06.2020 Култура

Најзначајните филмски остварувања од 90-тите години според „Ротен томатос“

За многумина веб-страницата „Ротен томатос“ е првото место каде што проверуваат дали вреди да се гледа некој филм. Оваа веб-страница, покрај оцените и коментарите за речиси сите филмови досега, нуди и свои листи, а најновата е наречена „Суштински филмови од 90-тите“.

Така, на едно место собра дури 140 наслови од многу плодни филмски децении, рангирани според оцените што ги добиле на оваа веб-страница.

На листата, која е еден вид преглед на цела ера, се наоѓаат некои од најзначајните наслови што веќе некое време ја носат титулата култни. Тоа се филмови од златниот период на независната американска кинематографија, како „Евтини приказни“, „Добриот Вил Хантинг“, наслови кои означија ренесанса на анимираните филмови, „Кралот Лав“, „Приказна за играчките“, серијалот „Вресок“, комедиите со големите ѕвезди како „Има нешто во врска со Мери“, но и два блокбастери: „Титаник“ и „Ден на независноста“.

soshenk
Фото: Screenshot/YouTube

На листата, која може да се види на „Ротен томатос“, се наоѓаат филмови што ќе ве вратат во минатото, а вреди и да проверете дали сте гледале некои од нив.

Ова се првите 20.

20. „Железниот џин“ (1999)
19. „Вресок“ (1996)
18. „Спасувајќи го војникот Рајан“ (1998)
17. „Доверливо од ЛА“ (1997)
16. „Добри момци“ (1990)
15. „Терминатор 2 - Судниот ден“ (1991)
14. „Изгубена“ (1995)
13. „Петок“ (1995)
12. „Боречки клуб“ (1999)
11. „Шиндлеровата листа“ (1993)
10. „Матрикс“ (1999)
9. „Телма и Луис “(1991)
8. „Приказна за играчките 2“ (1999)
7. „Паркот Јура“ (1993)
6. „Пред изгрејсонце“ (1995)
5. „Големиот Лебовски“ (1998)
4. „Титаник“ (1997)
3. „Кралот Лав“ (1994)
2. „Бегство од Шошенк“ (1994)
1. „Евтини приказни“ (1994)

Целосната листа од сите 140 филма можете да ја погледнете ТУКА.

Извор: Rotten Tomatoes | Noizz.rs
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура