X
 18.07.2019 Култура

И Бред Пит сака да знае зошто Џек од „Титаник“ не се качил на вратата со Роуз

Иако од прикажувањето на филмот поминаа 22 години, фановите на интернет и ден-денес не можат да го преболат начинот на кој умре Џек, ликот што го глуми Леонардо ди Каприо во филмот „Титаник“:

Некои дури отидоа толку далеку што докажаа дека Џек можел да се качи на вратата со Роуз и да преживее. Режисерот Џејмс Камерон се обиде да им стави крај на дискусиите кажувајќи ја неговата страна од приказната, но се чини дека не му успеа со оглед на тоа што дилемата повторно била спомената во едно интервју со Бред Пит, Леонардо ди Каприо и Маргот Роби.

Во текот на заедничкото интервју за Ем-ти-ви, прв го поставил прашањето новинарот, а подоцна и Бред Пит го интересирало: - Не можевте да се стиснете?

- Немам коментар - одговори Лео.

- Не можеа да направат поголема врата? - праша актерката Маргот Роби.

- Немам коментар - повтори Лео, смеејќи се.


Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура