X
 18.07.2023 Наука

Научници додале сода бикарбона во бетон, еве што се случило

Истражувачи од МИТ откриле дека со додавање на оваа евтина состојка во бетонот може да се намали количината на јаглероден диоксид што се создава при неговото производство.

Бетонот е материјал кој многу се троши во светот и е основа во градењето, а од друга страна, неговото влијание врз животната средина е многу штетно. Како градежен материјал бетонот има многу предности, а некои од нив се што е многу издржлив, едноставно се произведува и е релативно евтин. Сепак, неговата маана е што не е еколошки прифатлив во својот традиционален облик, односно состав. Меѓутоа, еден Босанец можеби има решение.

Додека процесот на печење може да се префрли од користење фосилни горива на користење електрична енергија од обновливи извори, другиот фактор кој придонесува за емисијата на јаглерод диоксид, а тоа е хемиска реакција, е поголем предизвик. Додека минералната мешавина се загрева на температура над 1.400 Целзиусови степени, таа се трансформира од калциум карбонат и глина во калциум силикат и јаглерод диоксид. Тој јаглерод диоксид во процесот излегува во воздух. Со текот на времето, јаглеродниот диоксид во атмосферата реагира со калциум оксидот во бетонот, минерализирајќи го јаглеродниот диоксид во калциум карбонат во процес познат како карбонизација. Тој процес може да се каже дека е обратен на она што се случува кога се прави бетон.

Истражувачи од МИТ смислиле како да се позанимаваат со јаглерод диоксидот во раните фази, при мешањето и излевањето на бетонот, пред тој да се стегне, и тоа се вметнување многу евтин материјал - натриум бикарбонат, попознат како сода бикарбона.

Истражувачите откриле дека со додавање натриум бикарбонат, дури 15 отсто од вкупната количина на јаглерод диоксид, кој се врзува со производството на цемент, може да бидат минерализирани во раните фази. Композитот, кој е целосно нов материјал, а кој го користат истражувачите, е мешавина од калциум карбонат и калциум силициум хифрат.

- Сето тоа е многу возбудливо бидејќи нашето истражување го унапредува концептот на мултифункционален бетон така што вклучува дополнителни предности на минерализацијата на јаглеродниот диоксид при производството и излевањето - истакнал професорот Адмир Машиќ, водач на студијата.

Новиот бетон може да се пофали и со фактот дека се врзува побрзо и тоа без губење на механичките перформанси. Тоа значи дека работата во градежната индустрија би можела да се завршува побрзо.

Мора да се нагласи дека карбонизацијата на бетонот во рана фаза не е нешто ново, но откритието на истражувачите од МИТ е насочено кон способноста на издвојување на јаглеродниот диоксид во фазата пред зацврстувањето.

- Нашето ново откритие би можело да се комбинира со други неодамнешни иновации во развојот на бетонските мешавини со помал јаглероден отпечаток за да се обезбедат позелени, па дури и јаглерод-неутрални градежни материјали претворајќи го бетонот од проблем во дел од решението - изјавил Босанецот.

Извор: Gradnja
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука