X
 18.08.2022 Живот

Американец скокна од авион без падобран, од 6.000 метри височина

Скок од 6.096 метри височина би преплашил многумина, а и со право.

Познато е дека 3 до 6 отсто од луѓето имаат страв од височина, но дури и да немате, височината знае да предизвика непријатност.

Екстремните спортови се тука за зависниците од адреналин, но постои причина зошто само еден човек претходно се обидел да го направи овој трик.

Лук Ајкинс е Американец кој редовно е дел од луди активности. Тој е професионален небесен акробат, БЕЈС (акроним од зборовите Building, Antenna, Span, Еarth) скокач, пилот и фотограф од воздух, чии фотографии се објавени во многу списанија и весници.

Со небесна акробатика почнал да се занимава уште на 12-годишна возраст, а досега има направено повеќе од 18.000 скока. Со хоби како неговото, не е изненадувачки тоа што Лук бил каскадер во филмови како „Железниот човек“ на „Марвел“.

Но, во 2016 година тој се обиде да направи нешто што не било направено. Стана првиот човек кој скокна од авион без падобран на височина од 6.096 метри.

Овој подвиг беше навистина уникатен и привлече национално внимание. Се емитуваше на американскиот канал „Фокс“. Сепак, со оглед на тоа што подвигот се емитуваше на телевизија, како мерка на претпазливост на Ајкинс му беше препорачано да носи падобран, иако тој не го направи тоа затоа што ќе му додадеше непотребна тежина на неговото слетување.

За среќа, сè одеше според планот и тој безбедно слета на мрежата направена од „Спектра“. При падот, Лук достигна брзина од 193 километри на час. Навистина неверојатен подвиг, што веројатно никој нема да го повтори.

Извор: Givemesport.com
Насловна фотографија: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот