X
 18.09.2023 Образование

Денеска и утре е втор рок за запишување на УКИМ

Денеска и утре е втор рок за запишување студенти на прв циклус студии на факултетите при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Прелиминарните ранг-листи од запишаните кандидати кои се рангираат само според успехот од средно ќе бидат објавени в четврток. Во меѓувреме, проверката на знаењата и умеењата на факултетите на кои се врши таа ќе биде задутре, а прелиминарните листи на тие факултети ќе бидат објавени на 25 септември, односно в понеделник.

Конечните листи на запишаните кандидати кои се рангираат само според успехот од средно ќе бидат објавени на 25 септември, а следниот ден веќе се уписите, додека на факултетите каде што се врши проверка на знаењата листите ќе бидат објавени на 27 септември, а уписите се на 28 септември.

Третиот рок за пријавување на кандидатите е на 28 септември.

Фото: Архива

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование