X
 18.10.2023 Технологија

Чешка ќе воведе електронска лична карта во 2024

Законски амандман усвоен во Чешка пред неколку недели им дозволува на властите да прифаќаат дигитални документи за идентификација во земјата бидејќи земјата се подготвува да ги претстави првите дигитални лични карти.

Електронските лични карти ќе бидат достапни преку апликација на телефон која ќе работи и без интернет. Крајниот рок за воведување на електронската идентификација во земјата е јануари 2024.

Воведувањето дигитални документи за идентификација е резултат на зголемената употреба на мобилните телефони кај жителите. Освен тоа, се смета дека ова е посигурен начин на чување на податоците отколку физичките документи кои полесно може да се украдат или изгубат.

Апликацијата за електронска идентификација во Чешка ќе овозможува откривање само на потребните документи кои се бараат, но не на сите податоци. Ќе се користат опции за биометриска автентикација, како препознавање на лице, и класични методи како нумерички код за обезбедување на документите во апликацијата. Во случај на изгубен или украден телефон, корисникот може лесно да ја деактивира апликацијата.

На почетокот, физичките документи за идентификација нема да бидат забранети и ќе продолжат да се користат заедно со електронските документи. Сепак, електронските документи ќе бидат важечки само во границите на земјата, а не и надвор од неа.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија