X
 18.10.2023 Образование

УКЛО потписник на Изјава: Партнерство за извонредност - партнерство за Европа

На Берлинскиот процес што се одржа во Тирана, на 16 октомври 2023 г., европските лидери со лидерите од земјите од Западен Балкан меѓу темите за продлабочување на регионалната соработка отворија и прашањата поврзани со образованието и науката.

На Самитот промовирана е заедничката Изјава: ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗВОНРЕДНОСТ – ПАРТНЕРСТВО ЗА ЕВРОПА, во која Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Македонската академија на науките и уметностите ја потпишаа со други водечки универзитети и академии и науки од Југоисточна Европа.

Главните постулати на заедничката Изјава се:

I. Инвестициите во високото образование, истражувањето и иновациите се трајна инвестиција за раст на Западниот Балкан, алатка против одливот на мозоци и за забрзување на постигнувањето членство во Европската Унија. Апелираме да се вклучат такви инвестиции во новиот план на Европската Унија за раст за Западниот Балкан.

II. Универзитетите, институциите за истражување и развој треба да добијат насочени инвестиции од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија, а националните влади треба да покажат решителна посветеност да инвестираат во образованието, истражувањето и иновациите. Овие инвестиции ќе произведат извонредност во регионот, ќе ги обликуваат зелените и дигиталните трансформации и ќе ги намалат структурните дефицити.

III. Западниот Балкан постигнува напредок за пофалба во усогласувањето на нивните системи за образование, истражување и развој со стандардите на ЕУ. Овој напредок треба да се забрза. Олеснувањето на мобилноста на луѓето и идеите ќе послужи како силен катализатор за интеграцијата во ЕУ и транснационалната соработка.

IV. Транснационалната и меѓуинституционалната соработка е императив и очигледна во современата наука и иновации. Регионалната соработка во рамките на Југоисточна Европа е од клучно значење, вклучувајќи го и Западниот Балкан, поддржана и непопречена од политички прашања.

Инаку, заедничката Изјава ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗВОНРЕДНОСТ – ПАРТНЕРСТВО ЗА ЕВРОПА промовирана на Самитот на европските лидери со лидерите од земјите од Западен Балкан произлезе од Седмата научна конференција на Берлинскиот процес што се одржа во Тирана, на која учествуваше и ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски. Конференцијата беше своевидна подготовка на Берлинскиот процес и меѓу другото беа отворени прашања за стратешките и организациските трансформации во високото образование, истражувањата, иновациите и технолошките сектори во земјите од Западниот Балкан и Југоисточна Европа и разгледани се мерките за унапредување на извонредност, мобилност, соработката и раст поттикнати од знаење.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование