X
 18.12.2019 Наша тема

Факултети.мк - сајт на годината за 2019

Покрај главната награда, Факултети.мк победи и во категоријата образование, наука и култура

Факултети.мк е избран за најдобар сајт за 2019 година на манифестацијата „Сајт на годината“, која вчера се одржа во ЕУ Инфо-центар (Europe House Skopje).
Покрај главната награда, на 10-тото издание на манифестацијата, Факултети.мк победи и во категоријата образование, наука и култура.



Избор „Сајт на годината“ е проект чија цел е да ги промовира, развива и поддржува интернет-медиумите и севкупното интернет-издаваштво во Македонија.
Вчера беа наградени повеќе сајтови во различни категории, меѓу кои, најдобар сајт за вести и информации, најдобар спортски сајт, најдобар сајт за мобилна апликација, најдобар сајт за невладини организации, најдобар сајт за мода и убавина и други.

За победниците во главната категорија одлучија гласовите на публиката. Организаторите истакнаа дека во сите категории биле номинирани 450 сајтови, а во сите категории беа наградени 54. Тимот на Факултети.мк им се заблагодарува на верните читатели за поддршката.
- Наградата е особено значајна бидејќи ни ја доделија нашите читатели. Благодариме што со нас ги споделувате вашите приказни и ни верувате - рече Милена Атанасоска-Манасиева, главна уредничка на Факултети.мк.



Манифестацијата „Сајт на годината“ е организирана од Media Solutions и системот за онлајн-реклами Keep An Eye.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема