X
 19.02.2020 Живот

Фатена втора женка рис близу Стража

Ловџиите од ловното друштво „Сокол-З“ ја крстија Нарциса

Балкански рис - женка фатил пред една недела тимот на Македонското еколошко друштво (МЕД), кој работи на зачувување на балканскиот рис. Женката на возраст од 2-3 години, тешка 15 килограми, е фатена со помош на кафез-замка во месноста Буковиќ, близу Стража.
По фаќањето на рисицата се презеле стандардни процедури и мерења за утврдување на здравствената состојба. За време на постапката присуствувале претставник од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и ловџии од ловното друштво „Сокол-З“ од селото Зајас. Тие ѝ го дале името Нарциса. Потоа рисицата е пуштена на слобода.



- Ова е втора рисица (по Маја, која ја следевме во 2017 и 2018 година) што ќе носи околувратник и ќе биде следена со методот на радиотелеметрија и ГПС. Со ова го збогатуваме нашето знаење за распространувањето на рисот и за неговите потреби од храна и живеалиште. Рисицата претходно беше снимена лани на истиот локалитет со помош на фотозамки. Таа засега е во добра состојба, а тоа го потврдуваат и првите податоци со помош на следење ГПС-сигнал, кои ни го открија и нејзиниот прв плен по обележувањето – срндак уловен пред 4-5 дена - изјави Диме Меловски од МЕД.

Тој објаснува дека од 2010 година МЕД има фатено и ставено околувратник на вкупно осум единки рис, со кои стекнале вредни податоци за однесувањето на ова таинствено животно кои им даваат податоци за нивно правилно зачувување. На Балканот се проценува дека има уште 40 возрасни единки на балкански рис, кој според Меѓународната унија за зачувување на природа (IUCN) е животно со критично загрозен статус.






Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот