X
 12.02.2019 Живот

ФОТО: Во Маврово е уловен најголемиот балкански рис. Се бара име

Мавровскиот рис Б8 треба да добие име! Вака почнува постот на „Фејсбук“ на страницата „Balkan Lynx“ за најголемиот балкански рис што некогаш бил фатен за научни цели.

Рисот, кој викендов бил фатен во близина на селото Сенце во националниот парк Маврово, бил уловен со камерите на повеќе од 12 различни локации во паркот во текот на изминатите шест години. Рисот има 27 килограми и е вистински ѕвер.

Сега областа во која тој се движи ќе биде калибрирана со новите податоци од радио-телеметријата и тоа ќе придонесе за подобрување на знаењата за подвидовите.


Веќе се добиени првите податоци за неговото движење, а во следните два месеца постојано ќе се следи неговата опашка за да може да се научи нешто повеќе за неговата исхрана и потребите во живеалиштето.

Но, тука е дилемата околу името, а на помош се повикани сите фанови на страницата „Balkan Lynx“ на „Фејсбук“, кои можат да гласаат за следните предлози: Бистри, Филип, Јован, Мујо, Сенко и Вир.

Тука можете да гласате.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот