X
 19.02.2023 Култура

Излезе тизер за филмот „Малата сирена“

Излезе првиот тизер за филмот „Малата сирена“ на „Дизни“, инспириран од истоимениот анимиран филм. Во него ја гледаме Хали Бејли во улогата на Ариел, како и други сирени како пливаат во океанското кралство.

Во краткиот тизер може да се слушне гласот на Ариел, кој е клучен во приказната. Во видеото накратко се гледа и Урсула, која сака да ѝ го украде гласот на Ариел. Филмот треба да пристигне во кината на 26 мај.


Извор: Mashable
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура