X
 19.03.2021 Живот

Шеф на српска компанија парично ќе ги наградува работниците што ќе се вакцинираат против Ковид-19

Во време кога земјите преку вакцинацијата се обидуваат да го уништат коронавирусот, во јавноста се појави дилема дали треба да се прави разлика помеѓу вакцинирани и невакцинирани граѓани?

Додека многу компании се обидуваат на различни начини да ги охрабрат своите вработени да се вакцинираат, голем број земји не се одлучуваат за мерки што би ги дискриминирале граѓаните што нема да се вакцинираат.

Но, компанија од Параќин, Србија, донела одлука да ги охрабри своите работници доброволно да се вакцинираат. Оние што ќе се вакцинираат од 11 март до 15 април ќе добијат надомест: над 50 години - 30 евра, а под 40 години - 50 евра, наведува компанијата.

Други компании не плаќаат, туку ги повикуваат и ги советуваат вработените да се вакцинираат.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вели дека сè уште се балансира и не се прави разлика помеѓу вакцинирани и невакцинирани.

- Ако луѓето почитувале, ако се вакцинирале, ако имаат антитела и сториле сè што треба, тогаш не можат да бидат во ист кош со оние што не се вакцинирале, не ја признаваат короната и прават што сакаат. Ако тие луѓе не прават проблеми, не се опасност, не се ризик и не треба да се казнуваат - вели премиерката Брнабиќ.

Лекарите не се за задолжително вакцинирање.

Дали решението е воведување задолжителна вакцинација? Лекарите генерално велат дека се против какви било обврски.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот