X
 19.04.2017 Наука

Косата може да открие многу за вашето здравје и вашата интелигенција

Група истражувачи од Државниот универзитет Томск, развиле метода која им овозможува да добијат прилично точни информации за здравјето на човекот, неговата предиспозиција за некои болести, па дури и нивото на интелигенција - сето ова со помош на хемиска анализа на косата.

Како што објаснуваат експертите, предложениот метод овозможува да се одреди концентрацијата на есенцијални елементи во човечкото тело. Ако резултатот на спектралната анализа открие нерамнотежа на овие супстанции, тоа може да укажува на сериозни болести или висок ризик за нивно развивање. Со користење на новиот метод стана можно да се одреди концентрацијата на триесетина различни хемиски елементи.


Фото: Freepik

Истражувачите истакнуваат дека новиот метод е доста поекономичен. Според нив, овој метод веќе ја покажа својата ефикасност: поточно, количината на кадмиум и олово овозможуваат добра проценка за тоа колку брзо пациентите се опоравуваат од исхемичен мозочен удар.

Исто така, научниците открија поврзаност помеѓу коефициентот на интелигенција на човекот и елементите во составот на косата. Всушност, било откриено дека колку е повисок коефициентот на интелигенција, толку кандидатите имале пониско ниво на калај и кадмиум во косата.

Истражувачите се надеваат дека овој метод ќе им помогне на невролозите и многу други доктори за други медицински области.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука