X
 19.05.2021 Здравје

ИЈЗ: За 48 отсто намален бројот на новозаразени во изминатата недела

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 10 до 16 мај 2021, тестирани се вкупно 16.773 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,3% во споредба со минатата недела. Регистрирани сe 674 нови позитивни случаи од 31 град во државата со намалување од 48,3% во споредба со минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (41,5%), со неделна инциденца – 45,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 94,1/100.000 е регистрирана во Кратово.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 1,8% до 7,2%, просечно 4,0%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (35,6%). Голем број заболени се регистрирани и кај лицата во возрасните групи 50-59 (16,9%), 30-39 (16,9%) 40-49 (16,5%), и 20-29 (8,3%). Најмал број е регистриран кај децата 0-9 (0,9%) и 10-19 години (4,9%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.646 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 36,0% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 65 смртни случаи од 15 града, 38,1% помалку во споредба со минатата недела. Во однос на возраста, 56 лица биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50 до 59 години, 1 лице на возраст од 40 до 49 години и 1 лице на возраст од 30 до 39 години.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје