X
 19.09.2018 Култура

„Исцелител“ е наш претставник за „Оскар“

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, одлучи комисија на Друштвото на филмските професионалци на Македонија. Одлуката ја донесоа: Игор Иванов, режисер и претседател на ДФРМ, актерките Ирена Ристиќ и Амернис Нокшиќи, Горан Трајкоски, композитор, Игор Тошевски, ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски, режисер, и Наум Доксевски, кинематографер.


Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши и „Здивот на ангелот“ на Јани Бојаџи.
„Исцелител“ е еден од најнаградуваните македонски филмови во последните неколку години.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура