X
 19.11.2019 Живот

Тоше Проески ќе добие улица во селото Јабука кај Панчево

Еден од најдобрите пејачи од постјугословенскиот простор, Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, ќе добие улица во селото Јабука во близина на Панчево, Србија.

Предлогот улица во селото Јабука кај Панчево, во кое живеат голем број Македонци, да го носи името на починатиот македонски пејач е упатен до Градското собрание на Панчево.

Со овој чин жителите на селото Јабука, каде што живеат најмногу Македонци во Србија, сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник.

Ова ќе биде прва улица во Србија што ќе го носи името на пејачот од Крушево, кој и ден-денес има голем број обожаватели и чии песни многу често се емитуваат на радио-телевизиските станици во Србија.

Тоше Проески почина пред 12 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот