X
 20.01.2022 Живот

Нехумани услови за живот во Хонгконг - станови со големина на сандак и кафези

Бени ги поминал последните четири години во сиромашните населби на Хонгконг фотографирајќи како изгледа животот во станови од само неколку квадратни метри. Станува збор за минијатурни станови, со големина на кутија, што ОН веќе ги нарекоа навреда на човечкото достоинство.

- Се чувствував ужасно лошо. Да се живее на тој начин не е хумано - вели Лем.


Хонгконг е преплавен со неонски светилки во продавниците кои продаваат луксузна облека, накит и технологија. Познат е по својата архитектура на облакодери, згради во кои се сместени светски познати компании кои го прават овој град еден од најбогатите во светот.


Сепак, иако е еден од најбогатите градови во светот, каде што цените на луксузните станови уриваат рекорди, тоа е само една страна од приказната. Во истиот град повеќе од 200.000 луѓе, меѓу кои 40.00 деца, живеат во бизарни станови од околу 15 квадратни метри.

Со население од речиси 7,5 милиони и речиси без преостанат простор за развој, пазарот на домување во Хонгконг е еден од најскапите во светот.


Од таа причина, сè повеќе луѓе се принудени да живеат во катастрофални услови, поделени единици со поврзани кујни и тоалети, станови со големина на кутија и кафези од само неколку квадратни метри од жичена мрежа.


- Од готвење до спиење, сите активности се прават на овие мали простори - вели фотографот Бени.

Со својата серија фотографии што ја нарече „Заробеници“ сака да ги осветли „задушените“ станови до кои не допираат градските светла. Тој се надева дека ќе ги направи видливи овие станари и нивните домови и дека повеќе луѓе ќе почнат да обрнуваат внимание на нехуманите услови во кои живеат.




Извор: National Geographic
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот