X
 20.02.2024 Наука

Експерт открива што би се случило доколку има нуклеарна експлозија во вселената

Вселенски експерт открива што би се случило доколку има нуклеарна експлозија во вселената, поради стравувањата за руското нуклеарно оружје кое е базирано во вселената.

Според неодамнешниот извештај на „Ен-би-си њуз“, Москва дизајнира оружје што ќе ги цели американските сателити - иако се смета дека таквите потези сè уште не се оперативни.

Американските сателити пренесуваат милијарди бајти податоци на час. Тие се од витално значење за цивилните комуникации, навигацијата, воените операции и собирањето разузнавачки информации во земјата. Неодамнешниот извештај го поттикнал шефот на Комитетот за разузнавање на САД да го повика претседателот Џо Бајден да ги декласифицира информациите за „сериозна закана за националната безбедност“.

Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, изјавил: „Ќе работиме заедно за да го решиме ова прашање, како што постапуваме за сите чувствителни работи што се доверливи“.

Москва оттогаш ги отфрли извештаите нарекувајќи ги „злонамерна измислица“, а портпаролот Дмитриј Песков изјавил: „Очигледно е дека Белата куќа се обидува, со помош на јадица или со измама, да го охрабри Конгресот да гласа за нацрт-законот за доделување пари. Тоа е очигледно“.

Како и да е, неодамнешните вести ги натераа луѓето да размислуваат што би се случило доколку има нуклеарна експлозија во вселената. За среќа, има експерт кој може да даде некаква идеја во врска со тоа.

Професорот Дон Полако од Катедрата за физика на Универзитетот Ворвик“ вели: 

- Нуклеарните експлозии во вселената произведуваат интензивен излив на радијација (светлина и други бранови должини - наречени електромагнетен пулс) кој ефективно ги „ослепува“ сателитите, а комуникациите и другите мониторинг-услуги стануваат бескорисни. Овој пулс на енергија може да допре и до земјата и повторно да ја оневозможи употребата на незаштитени електрични предмети. Експлозијата во вселената, исто така, произведува огромни количества на радијација и секој што е блиску ќе се загрее од тој удар. Ова е различно од нуклеарна експлозија во атмосферата, која создава ударен бран и токму тоа ја создава штетата.

Професорот додава дека големите сили во светот имаат технологија за уништување на поединечни сателити. Сепак, тој нуди и подобри вести.

- Неодамна го видовме првичното распоредување на мрежата на сателити „Старлинк“ на Илон Маск, која на крајот ќе биде составена од десетици илјади вселенски летала во ниската Земјина орбита. Отстранувањето на одредени сателити нема да биде ефикасен начин за оневозможување на мрежата, па наместо тоа - нуклеарна направа би била многу поефикасна. Се разбира. Експлозија од овој тип нема да прави разлика меѓу сателитите и сите видливи сателити од која било земја ќе бидат оневозможени.

Додека неодамнешните извештаи ја споменуваат Русија, професорот Полако смета дека е „наивно“ да се претпостави дека само Русија е вклучена во ваков тип технологија.

Извор: Unilad

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука