X
 20.03.2024 Живот

Синдикалната минимална кошница за март е 58.998 денари, 1.522 денари повеќе отколку во февруари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2024 година изнесува 58.998 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари годинава е зголемена за 1.522 денари.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, најголемо зголемување има во делот кај храната и пијалаците, кои за месец март изнесуваат 22.681 денари, споредено со месец февруари кога изнесувала 21.219 денари, зголемени се за 1.462 денари. Од ССМ наведуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март синдикалната кошничка изнесува 74.373 денари.

Од податоците со кои располага ССМ, од декември 2023 година до март 2024 година трошоците само за храна и пијалаци се зголемени за 1.951 односно за 9,41 отсто.



Вредноста на минималната синдикална кошница е во постојан пораст од почетокот на годината, поконкретно во месец март 2024 година, каде што зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалаците, што е резултат дека трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехранбените производи, што резултира со нефер практики на трговците и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, а по прекинување на мерката на замрзнати цени, се наведува во денешното соопштение на ССМ.

Растот на цените, велат од Синдикатот, придонесува да се изгуби куповната моќ на работниците и граѓаните. Затоа, новото зголемување на минимална плата од март 2024 година, која според пресметките ќе изнесува околу 22.567 денари, нема да има позитивен ефект врз стандардот на граѓаните.

-ССМ предлагаше продолжување на мерката за ограничување на цените во насока на заштита на животниот стандард на работниците и граѓаните особено поради тоа што знаевме дека алчноста и профитот на газдите ќе бидат причина за неосновано зголемување на цените на штета на работниците и граѓаните, а тоа е нешто што не смее да се дозволи. Ги повикуваме работниците и граѓаните незадоволството да го изразат заедно со ССМ на протест и да ни се приклучат, затоа што моментот кога треба да бидат гласни е сега - се вели во денешното соопштение од ССМ во врска со синдикалната кошница за март.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот