X
 20.04.2024 Наука

Научници велат дека пронашле докази за непозната планета во нашиот Сончев Систем

Научници велат дека пронашле нови докази дека постои скриена планета во нашиот Сончев Систем.

Со години некои астрономи посочуваат дека необичното однесување на работ на нашиот Сончев Систем најдобро се објаснува со друга, неоткриена планета. Тоа помага да се објаснат орбитите на објектите кои се наоѓаат на многу далечни растојанија во нашиот Сончев Систем, повеќе од 250 пати оддалечени од Сонцето отколку што сме ние.

Константин Богитин, астроном кој помогна да се популаризира теоријата, вели дека тој и неговиот тим пронашле уште повеќе докази дека планетата постои. Новиот труд претставува најсилниот статистички доказ досега дека планетата 9 навистина е таму некаде, вели тој.

Новиот труд ги разгледувал оние објекти на кои нивното движење било нестабилно бидејќи комуницирале со орбитата на Нептун. Таа нестабилност значела дека тие биле потешки за разбирање, така што обично астрономите кои гледаат на можна планета 9 избегнувале да ги користат во нивната анализа.

Наместо тоа, истражувачите погледнале кон тие објекти и се обиделе да ги разберат нивните движења. Како што велат тие, најдоброто објаснување е дека тие произлегуваат од друга, неоткриена планета.

Тимот спровел многу симулации за да разбере како орбитите на тие објекти биле под влијание на различни нешта, вклучувајќи ги џиновските планети околу нив како Нептун.

Најдоброто објаснување доаѓало од моделот што ја вклучувал планетата 9. Подобро разбирање за постоењето на планетата 9 ќе дојде кога ќе се вклучи опсерваторијата „Вера Ц. Рубин“. Моментално оваа опсерваторија се гради во Чиле, а кога ќе почне со работа, ќе може да го скенира небото за да го разбере однесувањето на тие далечни објекти.

Извор: Independent.co.uk
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука