X
 21.02.2020 Култура

„Тајните на планетата Заз“ премиерно в недела на јутјуб-каналот на Биби

Саканото милениче на Биби и другарче на Боби –  Зази доаѓа од планетата Заз. За неговото родно место досега не знаевме многу, освен дека таму живее Дедо Мраз од Заз, кој ѝ го подари Зази на Биби за Нова година. Сите вие што поитавте и ја набавивте новата сликовница „Тајните на планетата Заз“ во некоја од книжарниците или во онлајн-продавницата на Биби, можеби веќе научивте што сè крие татковината на Зази.



„Светот на Биби“ од недела во 19 часот на јутјуб-каналот на Биби ќе се збогати со уште една сказна. Време е децата да научат каква тајна моќ има зазулчето.
Автор на сказната е Билјана Црвенковска, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а режијата е на Гоце Цветановски. Гласовите ги позајмија Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура