X
 21.05.2023 Забава

Кога го обожавате, треба и да знаете нешто повеќе за него: интересни факти за омилениот десерт во светот

Сите сакаат чоколадо и сите уживаат во него на различни начини. Топло чоколадо, чоколадни бонбони, овошје прекриено со чоколадо, чоколаден прелив.

Но, како воопшто почнало да се создава чоколадото? Што е особено интересно за чоколадото?

Најголемиот дел од какаото во светот доаѓа од Африка

И покрај неговото потекло од Америка, денес какаото главно се одгледува во Африка. Климата ја направи Африка идеална за одгледување какао, а системот на робови го олесни развојот на плантажите со какао.

Од нивното првично населување на островот Сао Томе и Принсипе, до локации во современите земји како што се Брегот на Слоновата Коска и Гана, производството на какао го преживеа колонијализмот и остана важен дел од западноафриканската економија. Што се однесува до меѓународниот пазар, 70 отсто од глобалното производство на зрна какао денес доаѓа од Западна Африка.

Луѓето одгледуваат какао илјадници години

Археолошките докази во Централна Америка сугерираат дека Централноамериканците консумирале какао пред околу 4.000 години. Остатоци од зрна какао датираат од 1800 година п.н.е.

Меѓутоа, во однос на одгледувањето какао, најраните докази за припитомување се појавуваат пред околу 3600 години.

До 19 век, чоколадото главно се консумирало како пијалак


Уште во 1500 година п.н.е., постојат докази кои сугерираат дека зрната какао се користеле за подготовка на пијалак кој го пиеле Олмеците во Централна Америка. Маите одгледувале какао и го консумирале во течна или кашеста форма.

2
Фото: Freepik

Чоколадото се користело во свечени активности и во него уживале поединци од различни општествени класи. Кога Европејците пристигнале во Централна Америка, нашле широко распространето консумирање на чоколадо меѓу Ацтеките, но како пијалак. Го пиеле ладно или топло и додавале билки и други вкусови.

Цврстата чоколада стана вообичаена во 1820-тите откако хемичарот Коенрад ван Хутен развил какао во прав од дрвото какао и додал алкални соли во него за да ја намали горчината. Во Англија, Џозеф Фрај го создал чоколадото во 1847 година откако измешал какао во прав, какао-путер и шеќер. Оваа година се смета за година кога било создадено чоколадото за јадење.

Кралица „луда“ за чоколадо

Во 1770 година, австриската надвојвотка Марија Антоанета се омажила за францускиот крал Луј XVI. Кога 14-годишната девојка пристигнала на дворот на францускиот крал, таа со себе донела човек задолжен за производство на чоколадо, кој ја добил титулата „Кралски производител на чоколадо“.

Мешајќи чоколадо со цветови од портокал или бадемово млеко, кралскиот производител на чоколади не само што ја „заситил“ кралицата, туку се обидел да излечи и разни болести. Кралот Луј XVI исто така бил љубител на чоколадо и имал свој производител.

Колумбо е „виновникот“ за чоколадото во Европа

Според некои извори, Кристофер Колумбо бил првиот Европеец кој се сретнал со зрна какао. Откако во 1502 година наишол на трговски брод што превезувал какао, тој наводно зел она што се верувало дека е „бадем“ назад во Шпанија.

Втората приказна датира од малку подоцнежен период. Откако владетелот на Ацтеките, Монтезума II, го послужил Хернан Кортес со чоколаден пијалак, според легендата, Хернан го испратил какаото назад во Шпанија. Меѓутоа, друга верзија на приказната е дека во 1544 година, доминиканските монаси му дале на принцот Филип од Шпанија зрна какао, по што ги претвориле во чоколаден пијалок. Веројатно никогаш нема да дознаеме што е вистина во сето ова, но кому му е важно, важно е да имаме чоколадо.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава