X
 21.08.2023 Живот

Стан од 9 квадрати во Хрватска се продава за 40.000 евра - туширање и спиење во кујна, а вецето е заедничко

Оглас за стан во центарот на Загреб им го привлече вниманието на интернет-корисниците, особено затоа што станува збор за стан од 9 квадрати кој се продава за 40.000 евра.

- Се продава комплетно реновирана соба која е уредена како функционална мини-гарсониера, идеална за удобен живот, во строгиот центар на градот. Оваа шармантна и модерна гарсониера се наоѓа на третиот кат од зграда без лифт и доби зелена налепница по земјотресот, која гарантира безбедност. Вецето е одвоено и е заедничко со соседниот стан - пишува во огласот.

stan

Другите фотографии од гарсониерата можете да ги погледнете ТУКА.

Извор: b92.net
Фото: Eurohome
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот