X
 21.11.2016 Живот

За сите кои пораснале во странство

Растењето во странство не само што ве збогатува со забавни приказни кои можете да ги споделите со вашите пријатели, но исто така ви овозможува да имате единствена перспектива на светот. Вие исто така подобро се адаптирате на различни ситуации и имате отворен ум кон културните разлики. Тука се и некои други работи со кои може да се идентификувате како за некој кој израснал во странство.

1. Tешко ви е да посочите која е вашиот дом


Живеењето во повеќе места низ светот, често подразбира да се приврзувате за секое место. Во вашата родна земја го имате вашето семејство и културата, додека новата земја во која се приспособувате има пријатели кои ги чувствувате како семејство. Вие го носите со себе најдоброто од двата света, а притоа не сметате само едно, туку две или повеќе места кои имаат значителен дел од вашата личност.

2. Вие сте добри во учење на нови јазици

Живеењето во странство бара да учите нови јазици како неопходност да комуницирате добро со локалните жители. Вие сте жедни да научите нови јазици. Дури и ако се преселите во земја која има ист мајчин јазик каков вашиот, постои различен сленг или дијалект кој треба да го научите за да ги разберете луѓето околу вас, што за вас не преставува пречка.

3. Вие отсекогаш сте мислиле дека живеењето во странство е сосема нормално


За повеќето деца идејата за селење во друга земја изгледало како авантура од некоја приказна за деца, но за вас тоа е сосема нормално. На почеток може ќе ви треба време да се адаптирате, но набрзо вашите нови соседи ги чувствувате како блиски и се адаптирате на новите рутини како да сте ги вежбале нив цел ваш живот.

4. Вие сте под влијание на спојот на култури

Поздравувањето на луѓе може да биде збунувачки, особено ако ги бакнувате луѓето во новата земја, а само сте се ракувале во вашата матична земја. Начинот на кој се однесувате и говорот на телото е комбинација на двете култури и само сфаќате дека сте различни од другите кога тие ви укажуваат на тоа.


5. Имате акцент, што е тешко да се препознае

Под влијание на различни јазици, вашиот акцент е уникатен и често ги збунува другите, но можете да го прифатите тоа како придобивка на растењето во странство.

6. Знаете добро географија

Имате прилично солидно разбирање за тоа каде се наоѓаат земјите во светот и тоа не е поради часовите по историја и географија. Живеењто во странство ве инспирира да станете љубопитни за светот. Поради тоа вие имате добро разбирање кои држави се поврзани една со друга.

7. Имате пријатели од целиот свет


Растење во странство, значи дека сте имате пријатели од многу различни земји, особено ако сте посетувале меѓународно училиште. Во ручекот секогаш сте уживале, бидејќи сте имале можност да вкусите различни кујни со вашите соученици.

8. Страсни сте за да патувате

Селењето во странство ве натера да сфатите колку уживате во учење на една нова култура. Тоа ве натера да патувате колку што е можно повеќе, без разлика дали со пријателите и семејството, сами поради студирањето во странство, или со предавање на англиски јазик. Секоја можност да истражувате нова земја, вие ја пречекувате со раширени раце.

9. Имате минималистички поглед на животот

Со селењето во странство сте научиле да го понесувате со себе само она што ви е најважно. На млада возраст сте научиле да бидете мајстор за материјалните сопствености и наместо во материјалното да најдете вредност во животните искуства.

10. Ги цените различните културни деликатеси


Секогаш сте со авантуристички дух кога станува збор за дегустирање на нова храна, бидејќи голем дел од вашето животно исксутво било тоа.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот