X
 21.11.2022 Спорт

Интересни факти за Светското првенство во фудбал во Катар

Светското првенство во фудбал вчера беше свечено отворено во Катар. Овогодишното првенство е уникатно поради повеќе работи.

Прво првенство кое се одржува наесен на северната хемисфера

Секое Светско првенство во фудбал досега беше одржано во мај, јуни или јули. Меѓутоа, оваа година првенството се одржува во ноември и декември поради високите температури во Катар во текот на летото.

Прво првенство во арапска земја

Турнирот е само втор досега што се одржува во Азија, а прв во арапска земја. Во 2002 година првенството било одржано во Јужна Кореја и во Јапонија.

Последно со 32 екипи

На првото Светско првенство во фудбал во 1930 година, кое се одржало во Уругвај, учествувале само 13 држави. Во 1934 г. бројот се зголемил на 16, а во 1982 на 24, пред да се зголемат на 32 во 1998 година. Следното првенство, кое ќе се одржи во Канада, Мексико и САД, ќе има 48 учесници.

Најкомпактно првенство досега

Сите стадиони се наоѓаат на радиус од 55 километри во Доха, што значи дека тимовите нема да летаат помеѓу натпревари како во другите првенства.

Прв стадион што се демонтира

Стадионот „974“ е изграден од 974 транспортни контејнери и ќе биде демонтиран по турнирот.

Најскапо првенство досега

Се проценува дека Доха потрошила околу 220 милијарди долари за организирање на првенството. Било вложено во стадиони, изградба на метро и проширување на меѓународниот аеродром „Хамад“, меѓу другото.

Најмала земја домаќин

Со население од само 2,985 милиона и површина од 11.571 квадратни метри, Катар е најмалата земја домаќин на првенството досега.

Првите жени судии на машко првенство

Ова првенство е прво во кое се ангажирани судијки за дел од натпреварите. Од вкупно 36 судии три се жени.

Извор: Time out Doha
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт