X
 21.12.2023 Култура

„Нетфликс“ планира уште еден дел од франшизата „Семејството Адамс“

По големиот успех на серијата „Венсдеј“ (Wednesday), „Нетфликс“ подготвува уште еден дел од популарната франшиза „Семејството Адамс“. Овој пат фокусот ќе биде на вујкото Фестер.

Преговорите започнале за време на подготовките за втората сезона на „Венсдеј“, која треба да се снима напролет. Не е сигурно дали приказната за Фестер ќе биде реализирана бидејќи треба да се одобри првичната верзија од сценариото, а компанијата да преговара со актерите.

„Венсдеј“ излезе на „Нетфликс“ минатиот ноември. Главните улоги ги толкуваат Џена Ортега, Кетрин Зита Џонс, Луис Гузман, Ајзак Ордонез и Кристина Ричи, која го играше ликот на Венсдеј во филмот од 1991 година.

Серијата беше во режија на Тим Бартон. Чарлс Адамс ја создал идејата за семејството Адамс во 1964 година, а приказната првпат била раскажана како стрип.


Извор: Euronews
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура