X
 22.03.2024 Култура

Излегоа два нови трејлери за „Куќа на змејот“, го прикажуваат ривалството помеѓу „зелените“ и „црните“

Двата трејлери за новата сезона на „Куќа на змејот“ откриваат повеќе детали за епската војна на семејството Таргариен.

По двегодишната пауза од првата сезона, епската научнофантастична серија се враќа на малите екрани за да ја прикаже насилната пресметка помеѓу „црните“ на Ренира Таргариен и „зелените“ на Алисен Хајтауер.

Првиот трејлер за втората сезона даде поглед на војната што следуваше, како што е битката со змејовите помеѓу Ренира и нејзиниот полубрат Емонд и владеењето на Егон Таргариен во Кингс лендинг.

Сега, Ејч-би-о објави два нови трејлери за дуелите од втората сезона.



 

По краткиот преглед кој ја повикува публиката да избере страна, трејлерите од дуелите се фокусираат на секоја страна од претстојниот конфликт, црните и зелените и војната меѓу нив.

Премиерата на „Куќа на змејот“ е закажана за 16 јуни.

Извор: Screenrant.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура