X
 22.06.2023 Живот

Видео покажува колку е длабок Атлантикот и на која длабочина е „Титаник“

Општо познато е дека „Титаник“ лежи на дното на Атлантикот повеќе од еден век, во темнина на длабочина од 3.800 метри под површината.

Но, дали можете да замислите колку тоа е длабоко?

Се чини дека добар дел од интернетот не може. Според нашата перцепција, 100  метри и 3.800 метри под површината на водата звучат подеднакво морничаво, поради што видеото што ја прикажува длабочината на Атлантикот со помош на некои од најпознатите градби во светот, како што се Ајфеловата кула и „Бурџ Халифа“, е широко споделено на „Твитер“.

Со цел подобро да го претстави ужасот на длабочината од 3.800 метри под површината, авторот во својата анимација ги вклучил и просечните длабочини на светски познатите мориња и езера. Додека ја гледате оваа анимација, просечната длабочина на, на пример, Азовското или Жолтото Море изгледа како плиток поток во споредба со длабочината на Атлантикот каде што лежи „Титаник“.

Како што тече видеото, сцените стануваат сѐ пострашни, иако се работи за анимација. Приказот на Статуата на слободата, која е висока 93 метри со својот постамент, изгледа како минијатурна фигура ако биде поставена на местото на потонатиот брод „Титаник“.

Авторот на анимацијата, пак, не застана на длабочината на Атлантикот, туку покажа и точки на Земјата кои се на уште поголема длабочина. Видеото стана хит на „Твитер“ за само неколку часа и досега е прегледано повеќе од 1,6 милиони пати.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот