X
 22.08.2018 Култура

Млади графичари ќе творат во Богданци

Млади и талентирани графичари од повеќе земји од регионот во наредните десет дена ќе творат во Богданци на Меѓународната графичка работилница „Софија“, која се одржува по единаесетти пат.

Настанот, кој низ годините прерасна во еден од најпрепознатливите уметнички собири на Балканот, го иницираа група ентузијасти и вљубеници во уметноста во 2008 година.
На годинашната главна сесија ќе учествуваат 17 уметници (графичари) од Македонија и од странство, селектирани од државните ликовни академии во Скопје, Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб, Сараево и во Софија. Ментор на работилницата ќе биде Слободан Радојковиќ, истакнат графичар и професор на Факултетот за уметности во Ниш. Делата на уметниците ќе бидат изложени на две изложби. Работилницата ќе се одржи од 22 август до 1 септември.

Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година, а досега учествуваа 170 графичари од целиот регион.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура