X
 22.10.2018 Технологија

Пораките на „Вајбер“ во кои се вели дека сте добитник на лотарија се измама

Сите лица кои ќе добијат пораки на „Вајбер“ во кои се наведува дека се добитници во лотаријата наречена „Вајбер меѓународна програма за наградување“ (VIBER International balloting award programme) не треба да ги следат инструкциите од пораката и треба да ја избришат истата затоа што тоа е измама.



Измамниците ги наведуваат потенцијалните жртви да им праќаат информации пишувајќи им дека се победници на лотарија која всушност не постои. Штом ќе ги добијат информациите, тие од потенцијалните жртви ќе побараат и пари за да можат да ја добијат наградата од измислената лотарија.

Но, штом измамниците ќе ги добијат информациите од потенцијалната жртва, тие истите ќе ги испратат на други измамници, кои постојано ќе ѝ пишуваат на жртвата во обид да ја измамат. И ако потенцијалната жртва им испрати пари на измамниците, тие ќе ги земат и ќе исчезнат, оставајќи ја жртвата оштетена.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија