X
 22.12.2021 Живот

„Светот на Биби“ дел од хуманитарната забава „Најмладите за Аеродром“

Повеќе ѕвезди ќе настапат на настанот што ќе се одржи в сабота, 25 декември, пред „Капитол мол“

Предновогодишната хуманитарна забава „Најмладите за Аеродром“ ќе се одржи в сабота, 25 декември, од 10:30 до 13:30 часот на платото пред трговскиот центар „Капитол мол“.

На забавата ќе настапат ѕвездите Таско, Лина Пејовска, Некст тајм, ДНК, Сара Мејс и Д’крисмас грлс, како и Магионичарското шоу и „Светот на Биби“.

Во рамките на настанот ќе се организира и новогодишен базар, на кој посетителите ќе можат да купат и новогодишни честитки и рачни изработки на децата од градинките и учениците од прво до петто одделение во основните училишта од оваа општина. Со средствата што ќе бидат собрани од оваа акција ќе бидат помогнати голем број семејства од социјално ранливите категории во општината.



Настанот го организира Општина Аеродром и го поддржуваат „Капитол мол“, хотел „Хилтон дабл три“, „Рамстор“ и голем број други општествено-одговорни компании, а свој придонес во целата акција ќе даде и Извидничко-поречанскиот одред „Галеб“.
Настанот ќе биде поддржан од Иницијативата за собирање новогодишни пакетчиња „И јас сум дете“ на Кристијан Станковски-Бомбакис, како и други аеродромци влијателни на социјалните мрежи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот