X
 23.03.2023 Наука

В сабота на Земјата ќе ѝ се приближи астероид голем колку облакодер

Астероид трипати поголем од оној што предизвика огромна штета во Челјабинск, Русија, во 2013 година ќе се доближи до Земјата, на половина од растојанието на Месечината, в сабота, 25 март.

За среќа, астероидот познат како „2023 ДЗ2“ ќе помине покрај нашата планета забрзувајќи со 28.044 километри на час. Небесните набљудувачи со телескопи од 15 сантиметри и поголеми ќе имаат можност да ја видат оваа вселенска карпа в петок навечер (24 март) од северната хемисфера. Исто така, виртуелниот телескоп ќе го пренесува во живо поминувањето на астероидот.

Набљудуван преку телескоп од северната хемисфера, астероидот ќе изгледа како ѕвезда која бавно се движи над југоисточниот хоризонт, источно од соѕвездијата Орион и Големо и мало Куче. Неговиот најблизок пристап ќе биде на 25 март.

Астероидот првпат беше откриен од астрономите во опсерваторијата „Ла Палма“ на Канарските Острови, во февруари 2023 година. Се проценува дека дијаметарот на астероидот е помеѓу 44 и 99 метри. Бидејќи ја минува орбитата на Земјата, астероидот е познат како астероид од класата Аполо.

Иако прецизното потекло на „2023 ДЗ2“ е непознато, повеќето астероиди блиску до Земјата припаѓаат на астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер кои биле исфрлени од нивните типични орбити преку интеракции со Јупитер.

За среќа, астероидот ќе остане на околу 173.000 километри од Земјата. Со оглед на што се знае за овој астероид во моментов, постојат 1 од 430 шанси тој да удри на Земјата на 27 март 2026 година. Но, таа мала шанса веројатно ќе исчезене бидејќи астрономите ќе знаат повеќе за траекторијата на астероидот.

Додека „2023 ДЗ2“ моментално не претставува закана за Земјата, НАСА во моментов набљудува 24 познати објекти со мали шанси да удрат во Земјата во наредниот век.

Извор: Livescience.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука