X
 23.06.2023 Живот

Фотограф успеал да го фати моментот кога бил забележан од леопард

Природата е подарок што постојано дава. Сега, благодарение на интернетот, имаме можност да ги истражуваме сите аспекти на природата: и флората и фауната.

Последното од ваквите популарни видеа од природата е кратко видео од леопард кое ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

Виралното видео беше споделено од фотографот Шаз Јунг на неговиот инстаграм-профил. На видеото можете да видите како прекрасната голема мачка лежи и мирно си ја лиже шепата, за во еден момент директно да погледне во камерата и да го забележи фотографот кој се крие зад грмушките.

- Окото на леопардот меѓу лисјата секогаш гледа, секогаш е вашиот прв набљудувач - пишува Јунг под објавата.

Интернет-корисниците велат дека видеото е апсолутно хипнотизирачко, а некои прашуваа како фотографот успеал да го сними видеото без леопардот да го нападне.

Откако беше објавено, видеото собра повеќе од 244.000 лајкови и е прегледано над 2,5 милиони прегледи.


Извор: Ndtv.com 
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот