X
 23.07.2022 Живот

Само 11 града во Европа имаат чист воздух

Европската агенција за околина (ЕЕА) објавила извештај кој го покажува квалитетот на воздухот во над 340 града во Европа во 2020 и 2021 година.

Она што веднаш се забележува е дека градовите со најдобар воздух се наоѓаат во североисточниот нордиски регион или во регионот на југозападниот дел од Атлантскиот Океан. Според агенцијата, само 11 града во Европа ги исполнуваат критериумите на Светската здравствена организација (СЗО) за добар квалитет на воздухот.

11 града со чист воздух во Европа

1. Умео, Шведска
2. Фаро, Португалија
3. Фуншал, Португалија
4. Тампере, Финска
5. Нарва, Естонија
6. Стокхолм, Шведска
7. Упсала, Шведска
8. Талин, Естонија
9. Берген, Норвешка
10. Рејкјавик, Исланд
11. Норшепинг, Шведска

Овие градови не ја надминале годишната граница за фини честички од 5 микрограма на кубен метар воздух.

Граничната вредност за фини честички од 25 микрограма на кубен метар била надмината само во 3 најзагадени градови: Нови Сонч во Полска и италијанските градови Кремона и Падова.

Извор: Green
Насловна фотографија: Стокхолм/Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот