X
 24.01.2021 Живот

Градовите со најголем сообраќаен метеж во 2020 година

Возењето не е тоа што било порано, иако пандемијата помага во намалувањето на сообраќајниот метеж. Според најновото издание на сообраќајниот индекс ТОМТОМ, некои градови се полоши од останатите кога станува збор за метежот. За анализата биле искористени податоци за сообраќајот во над 400 градови.

Во 2020 година, метежот е драстично намален низ светот. Сообраќајниот метеж се намалил во 387 градови во споредба со 2019, а само во 13 градови тој се зголемил.

Сообраќајниот метеж најмногу се намалил во март, април и мај како последица од мерките за безбедност воведени за намалување на ширењето на коронавирусот.

Глобално, Москва се наоѓа на врвот на листата со најголем сообраќаен метеж во 2020 година. По Москва следуваат Мумбај, Богота, Манила, Истанбул, Бенгалуру, Киев, Њу Делхи, Новосибирск и Бангкок.

Сепак, речиси сите од овие градови забележале намалување во сообраќајниот метеж во 2020 во споредба со 2019 година.


Автор: Џони Вуд
Извор: weforum.org
Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот