X
 24.02.2023 Живот

Русија го лансира новото летало „Сојуз“

Руската вселенска агенција Роскосмос го лансира новото летало „Сојуз“, кое треба да ги врати астронаутите од Меѓународната вселенска станица (МВС) на Земјата откако првото летало предвидено за таа цел остана без течност за ладење.

Новиот вселенски брод „Сојуз МС-23“ полета од рускиот космодром „Бајконур“ во Казахстан рано утринава по локално време. Ќе мине два дена во Земјината орбита и ќе маневрира до МВС, по што ќе се приклучи на модулот „Срч“ в сабота. Ова вселенско летало ќе послужи како замена за капсулата што остана во неисправна состојба во декември, поради што двајца руски космонаути и еден Американец не можеа да ја користат за да се вратат на планетава.

На МВС се наоѓаат Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин од Роскосмос и Френк Рубио од НАСА.

Инаку, НАСА и „Спејс-екс“ в понеделник ќе ја лансираат мисијата „Кру-6“, во која Стивен Бовен и Ворен Хобург од НАСА, астронаутот од Обединетите Арапски Емирати - Султан Алнејади и Русинот Андреј Фодаев ќе патуваат до МВС. Набргу по нивното пристигнување на станицата се очекува да се врати екипажот на „Кру-5“ на НАСА. Тие минаа пет месеци во капсулата „Драгон“ на „Спејс-екс“.



Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот