X
 24.04.2019

„Светот на Биби“ на Саемот на книгата од 8 до 14 мај

Супервест за сите мали читатели! „Светот на Биби“ ќе биде дел од претстојниот Саем на книгата, кој ќе се одржи од 8 до 14 мај во ВИП Арена „Борис Трајковски“.
Посетете го штандот на Биби на Саемот на книгата и ќе имате единствена можност премиерно да ја погледнете новата роденденска сказна на Биби, да ја слушнете нејзината роденденска песничка, да присуствувате на промоцијата на нејзината „Пишуванка“ и ексклузивно да ја играте нејзината „Игра на знаења“!

Што уште? Под мотото „Читаме со Биби“ ќе читате и ќе се дружите со авторката на приказните за Биби, Билјана С. Црвенковска.
Ќе боите и ќе цртате со илустраторите што ја цртаат Биби, а ќе дознаете уште многу нови работи. И, секако, ве чекаат и други изненадувања и весели мигови.
Дојдете и бидете дел од „Светот на Биби“ на Саемот на книгата!




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk