X
 24.07.2019 Технологија

Претворете ги вашите селфиња во ренесансни портрети

Прво дојдоа филтрите на „Инстаграм“. Потоа дојдоа маските на „Снепчет“. Сега со помош на технологијата можеме и да видиме како би изгледале со променет изглед. „Фејс ап“ стана многу популарна поради драматичните филтри со кои може да ви прикаже како би изгледале како постари (и поради спорните моменти со личните податоци), но за нешто повеличествено, зошто да не си направите ренесансен портрет?

AIportraits.com го прави токму тоа. Создадена од страна на тим истражувачи од лабораторијата за вештачка интелигенција (АИ) „Ватсон“ на МИТ и ИБМ, страницата користи АИ-модел трениран на 45.000 портрети од стилови од раната ренесанса до денес.

Резултатите се изненадувачки автентични. Фотографиите можеби не изгледаат исто како изворните, но резултатот може да прелаже некого да помисли дека тоа се вистински слики од некое лице кое личи на вас.

За жал, нема начин да изберете стил, страницата изгледа ги бира случајно, иако повторното прикачување на истата фотографија го дава истиот резултат. Може да забележите и дека само на неколку преработени фотографии има насмевка и тоа никако не е широка насмевка. Тоа е својствена мана на АИ системот, кој бил трениран на основа на вистинска уметност.

Доколку сте загрижени за приватноста, на страницата е наведено дека фотографиите се праќаат на серверите за да се генерираат портрети.

-Ние не користиме податоци од вашиот телефон за ниедна друга цел и веднаш ги бришеме - се наведува на страницата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија