X
 24.08.2023 Живот

Постои нов термин за овој феномен на работа: Кој навистина работи, а кој се преправа дека многу работи?

Работниците во Азија, кога се на работа, најмногу време поминуваат на тоа да изгледаат зафатени.

Со други зборови, помалку се фокусираат на продуктивна работа и извршување на задачите, а повеќе на тоа да изгледа дека работат многу, покажува нова анализа, т.е. анкета спроведена од „Сејлсфорс“, подружница на „Слека“, во соработка со истражувачката фирма „Куалтрикс“.

Тие ги извлекоа податоците од 18.000 испитаници, вклучително и директори.

Таканаречената „перформативна работа“ (англ. Performative work), што се користи на англиски како термин за овој тип однесување на работа, значи трошење многу часови на состаноци каде што тимовите треба да ги презентираат достигнувањата наместо да се фокусираат на донесување одлуки или решавање проблеми.

Истражувањето покажа дека вработените од Индија (43 отсто), Јапонија (37 отсто) и Сингапур (36 отсто) изјавиле дека трошат повеќе од своето време на таква работа од глобалниот просек (32 отсто).

Процентот на „перформативна работа“ е највисок во Индија, Јапонија и Сингапур, потоа Франција со 31 отсто, Обединетото Кралство со 30 отсто, Австралија и Германија со по 29 отсто, САД и Јужна Кореја со 28 отсто секој.

Глобалното рангирање, кое го мери времето поминато на „вистинска работа“, ги дава следните податоци: Јужна Кореја (72 отсто) Австралија (71 отсто), Германија (71 отсто), САД (71 отсто), Обединетото Кралство (70 отсто), Франција (69отсто), Јапонија (63 отсто), Сингапур (63 отсто) и Индија (57 отсто).

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот