X
 24.10.2022 Забава

Легендарни цитати од Брус Вејн: „Имам една моќ, никогаш не се откажувам“

Од неговото создавање од писателот Бил Фингер и уметникот Боб Кејн во 1939 година, Бетмен стана еден од најпрепознатливите и најпопуларни суперхерои во историјата на поп-културата.

Жител на Готам Сити, филантроп и експерт за борачки вештини, Бетмен е познат по својата жед за правда. Неговото мрачно минато го оставило да биде сирак на 8-годишна возраст кога неговите родители, д-р Томас и Марта Вејн, биле брутално убиени. Покрај тоа, тој е и горд милијардер, шеф на компанијата „Вејн ентерпрајсес“.

Низ годините, Бетмен го глумеле различни актери во различни филмови и серии. Во продолжение се најнезаборавните, најдуховитите и најпровокативните цитати од филмовите, стриповите и ТВ-сериите за Бетмен.

- Како човек, јас сум од крв и месо, можам да бидам игнориран, можам да бидам уништен. Но, како симбол, можам да бидам некорумпиран. Можам да бидам вечен.

- Понекогаш вистината не е доволно добра, понекогаш луѓето заслужуваат повеќе. Понекогаш луѓето заслужуваат нивната вера да биде наградена.

- Сите носиме маски.

- Можеби тоа е она што го прави Бетмен. Не победува, туку губи и се враќа. Знаејќи дека ќе пропадне, пропаѓа илјада пати, но нема да се откаже.

- Нема чудо. Нема милост. Нема искупување. Нема рај. Нема пекол. Нема повеќе моќ. Само живот, само ние.

- Гледам, а не гледам. За мене, темнината е јасна како ден. Што сум јас?

- Херој може да биде секој. Дури и човек кој прави нешто толку едноставно и смирувачко како што е префрлање палто околу рамената на мало момче за да му каже дека не е крајот на светот.

- Имам една моќ. Никогаш не се откажувам.

- Сите луѓе имаат граници. Тие учат што се и учат да не ги надминуваат. Јас ги игнорирам моите.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава