X
 24.11.2022 Живот

Правила за продуктивност што Илон Маск им ги пратил на вработените во „Твитер“

Илон Маск е главен извршен директор на „Тесла“, основач на „Спејс-екс“ и нов сопственик на „Твитер“. За него, продуктивноста е многу важна и затоа сака луѓето околу него да бидат максимално продуктивни.

Тој им испратил електронска порака на вработените во „Тесла“, а сега и на „Твитер“ со предлози за подобрување на продуктивноста. Ова се неколку точки на кои тој сака да се фокусираат неговите вработени.

Помалку состаноци

Според Маск, пречестите состаноци се лоша карактеристика на големите компании и речиси секогаш се влошуваат со текот на времето. Тој препорачува поретко организирање состаноци освен доколку има итна потреба.

Напуштете го состанокот доколку не вреди

Маск ги советувал вработените дека треба да ги напуштат состаноците на кои мислат дека не можат да придонесат.

- Не е неучтиво да се замине, неучтиво е да се принуди некој да остане и да се троши неговото време - напишал Маск.

Без акроними и бесмислени зборови

Најдобар начин за ефективно комуницирање е да се биде директен, а тоа значи да не се користат акроними или бесмислени зборови за предмети, софтвер или процеси, според Маск.

Краток пат за комуникација

Комуникацијата треба да патува низ најкраткиот пат за да се заврши работата. Според Маск, вработените треба директно да комуницираат, наместо преку своите претпоставени или слично.

Користете здрав разум

Очигледно, некои луѓе треба да бидат потсетени да имаат здрав разум во повеќето ситуации. Маск го искористил примерот за следење правило на компанијата кое очигледно е смешно во некоја ситуација.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот