X
 24.12.2023 Наука

Овие животински видови се прогласени за изумрени во 2023 година

Во 2023 година научниците официјално прогласија за изумрени 21 животински вид. Овие видови живееле во САД. На листата има птици, риби и цицачи.

Уништената животна околина, загадувањето, климатските промени, експлоатацијата на природата и инвазивните видови се причините за изумирањето на видовите.

Според Обединетите нации, денешната брзина на изумирање на видовите е најмалку десетици до стотици пати поголема отколку во последните 10 милиони години. Во меѓувреме, експертите се борат да ги зачуваат загрозените видови.

На листата со птици кои се прогласени за изумрени во 2023 има осум вида од Хаваи, еден од Гуам и еден вид од Флорида.

Прогласени се за изумрени и осум вида школки од разни делови на САД, два вида риби од Тексас и Охајо, како и вид  лилјак кој живеел во Гуам.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука