X
 25.01.2019 Живот

Живко од Кавадарци за 70 денари си доби JEEP COMPASS

Инстант лозот БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП израдува уште еден добитник и уште еден Кавадарчанец, кој својот нов автомобил ќе го вози низ улиците на Кавадарци.

Живко Арсов од Кавадарци за прв пат решил да гребе инстант лозови и од продажното место Браво Нутс , кое се наоѓа во Кавадарци во близина на Мостот, купил три инстанти БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП.


Третиот лоз му донел и три исти симболи на автомобил, кој му донесоа JEEP COMPASS. Живко, воопшто не можел да поверува на својата почетничка среќа, но од тогаш секој ден купува по неколку инстант лозови и ја очекува својата следна добивка. Следна цел му е седумката во НовоЛото 7/34 , која во моментов изнесува над 15 милиони денари. И денес, на денот кога ги зема клучевите од својот нов автомобил, на продажното место на Државна лотарија на Македонија повторно купи неколку инстанти и ни порача дека и понатаму е во потргага по среќата и добивките.

Инаку инстант лозот БИДИ ВИП- ВОЗИ ЏИП во продажба е од 01.11.2018 година и како главна добивка нуди 10 автомобили JEEP COMPASS. Во игра се уште вакви автомобили , но и многу парични добивки, па не пропуштајте ја шансата за само 70 денари да возите нов ЈЕЕР COMPASS.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот