X
 25.01.2024 Живот

Дали би престојувале во хотел со 0 ѕвезди?

Швајцарски концептуални уметници покажаа дека хотелот не мора да биде во зграда. За разлика од другите хотели, нивниот хотел не личи на ниеден досега, а има сѐ што има секој хотел, почнувајќи од креветот.

Хотел со нула ѕвезди е иновативен концепт на швајцарски уметници со кој сакаат да го свртат вниманието на јавноста кон климатските промени и штетните влијанија на човекот врз планетата и општеството.

Нивниот хотел е целосна спротивност од обичните хотели. Тој се наоѓа на локален пат до бензинска пумпа во селото Сајлон, на југот на земјата во кантонот Вале. Овој хотел има нула ѕвезди, нема ѕидови или таван, само еден брачен кревет. Затоа може да се постави секаде, на планина, во лозје или во шума покрај патот.

Уметниците што го создадоа овој концепт веќе имаат искуство во хотелската индустрија. Нивните претходни верзии на хотелот беа сместени во идилично швајцарско село. Сепак, тие сфатија дека нивната мисија е да укажат на промените кои се неопходни во општеството. Неопходно е што поскоро да почнеме да размислуваме за проблемите во светот, климатските промени, војната и другите штетни дејства на човештвото.

Во новата верзија на хотелот гостите не можат да уживаат во мир и тишина. Одморот им го нарушуваат автомобилите и метежот, како и луѓето на бензинската пумпа. Авторите на хотелот посочуваат дека поентата не е во спиење и одмор, туку во преземање иницијатива и одговорност. Хотелот со нула ѕвезди е нивниот придонес во глобалната борба против загадувањето не само на планетата, туку и на општеството.

Подоцна сфатиле дека таков концепт може да се реализира и на дело, па го изградиле „хотелот“ на различни места во природата. Единствено нешто што може да ги вознемири гостите е ненадеен дожд или снег.

 

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот