X
 25.01.2024 Образование

Универзитет ќе нуди предавања во кои професорите ќе бидат холограми

Еден британски универзитет наскоро ќе има предавања од професори кои се наоѓаат на другата страна од светот.

Универзитетот „Лоубороу“ во Лестершир, Англија, ќе нуди предавања од Технолошкиот институт во Масачусетс со помош на холограми. Предавањата ќе бидат од областа на спортската наука, а ќе бидат наменети за студентите запишани на модни студии. На нив ќе може да присуствуваат и студентите по менаџмент.

Од универзитетот велат дека новоста ќе им помогне во целите за одржливост бидејќи ќе го намалат бројот на летови за гостување на професори од странство.

Предавањата со холограми ќе станат дел од програмата во 2025, а годинава ќе се одржуваат тест-предавања. Холограмите ќе се проектираат во предавалните со помош на компанијата „Прото“.



Извор: Mashable
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование