X
 25.09.2023 Култура

Излезе тизер за новата серија „Игра со лигни: предизвик“

Дали го имате она што е потребно за да ја преживеете најризичната серија? Неколку натпреварувачи ги тестираат своите вештини во првата официјална најава за „Игра со лигни: предизвик“.

Натпреварувачите ќе се борат за награда од 4,56 милиони долари. Најавата за серијата ветува доста жестока конкуренција и укажува на оригиналната серија бидејќи 456 предизвикувачи влегуваат на теренот и само еден излегува како победник.

Од култните црвени костими, маскираните чувари, до контролната станица, секој дел од новата серија е планиран и дизајниран да ги пренесе публиката и играчите во светот на хит-серијата „Игра со лигни“ на „Нетфликс“. На почетокот може да се види како натпреварувачите поминуваат на позната локација од серијата, додека еден од чуварите открива дека дебелата награда е најголемата во историјата на реалните шоуа.

Новата серија доаѓа по големиот успех на јужнокорејската серија „Игра со лигни“, која излезе во септември 2021 и беше најгледана во светот со недели.

Во новата серија учесниците вистински се натпреваруваат за наградата. Таа ќе пристигне на „Нетфликс“ на 22 ноември.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура