X
 25.10.2019 Живот

Во Венеција ни прошетката нема да биде бесплатна

Од први јули наредната година туристите што ќе сакаат да влезат во Венеција ќе треба да платат најмалку три евра, соопшти градската власт.

Мерката, која се однесува на еднодневните излети на туристите и патниците од крузери, но не и за оние што престојуваат во хотелите, беше најавена на почетокот од годинава, но беше одложена поради технички тешкотии.

Цената на оваа такса ќе се зголеми на 6 до 8 евра во текот на сезоната.

Начините на плаќање сè уште се разработуваат. Оние што ќе се обидат да се „прошверцуваат“ во градот ќе се соочат со казни од 100 до 450 евра.

Масовниот туризам е долгогодишен проблем за Венеција, иако тоа е нејзиниот најголем извор на приходи. Се смета за главен виновник за пораст на цените на недвижностите и падот на бројот на населението.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот